Македонски просветно-училишен одбор на НЈВ

гнездо за изучување на македонски јазик и култура

Quick Info

Email & PO Box

Email: macedonianschoolcouncilofnsw@gmail.com Postal Address: PO BOX 164 Rockdale NSW 2216

President: Zaklina Mihajlova – 0412 456 225 Vice President: Slavica Ristevska – 0400 805 090 Secretary: Blagoja Josifovski – 0401 671 331 Public Officer: Vesna Trajkovska – 0424 147 713

Регистрација и запишување
Учениците можат да се запишат во етничките училишта во текот на целата година и притоа тие можат да започнат со настава во секое време. Меѓутоа, им препорачуваме на родителите да ги запишат своите деца уште на почетокот на учебната година, бидејќи на крајот на годината ќе им биде врачено Сведителство за посетување на часови по македонски јазик од Министерството за Образование на НЈВ. Ако сакате да ги запишите вашите деца, посетете го училиштето или контактирајте некој од членовите на комисијата.
Календар на настани за 2022

1 Февруари – Почеток на школска година
Март – Зборувајте македонски во Март
28 Април – NSW Federation of Community Languages Conference – Sydney University
21 Мај – Bunnings Fundraising Barbeque
28 Mај – Академија “ Кирил и Методиј”
19 – 20 Јули – MLAT Conference Sydney University
4 Август – Натпревар по рецитирање во НЈВ
6 Октомври – NSW Federation of Community Languages Annual Dinner
9, 10, 11 Ноември – 40 години македоснки просветно училишен одбор
9 Ноември – Матурска вечер
10 Ноември – Teachers Professional Learning
11 Ноември – 40 години македоснки просветно училишен одбор – Изложба
1 Декември – Концерт за крајот на годината

Запишување за 2022

За нас и нашата мисија

Македонскиот училишен совет на Нов Јужен Велс е основан пред 42 години и претставува неполитичка, не-деноминационална, непрофитна организација која има за цел:

  • Да го промовира македоснкиот јазик во основните и средните институции
  • Да ги координира Македонските етнички училишта во Нов Јужен Велс за да има висок стандард во наставата на македонски јазик
  • Да помага во организирање на материјали потребни за настава на македонски јазик и да се поттикне размена на информации и материјали помеѓу сите наставници
  • Донации за поддршка на наставата за македонски и сродни културни активности
  • Поттикнување на македонските културни активности во австралиската заедница и работа со други организации со цел организирање разни културни и уметнички активности
  • Поттикнување на соработката меѓу македонските образовни институции
Се организираат годишните активности од страна на Македонскиот училишен совет на Нов Јужен Велс, во соработка со сите етнички и основни училишта во НЈВ, каде што се изучува македонскиот јазик. Тие вклучуваат: Академија во чест на Св. Кирил и Методиј, признавајќи ги постигнувањата, напорите, посветеноста и придонесот на учениците и наставниците во изучувањето на македонскиот јазик; конкурс за рецитал, каде што учениците од сите етнички и основни училишта ги рецитираат песните целосно на македонски, како и концерт на крајот на годината, во кој се претставени песните и драмите на сите студенти на македонски јазик.

Календар

Семестар 1

Понеделник, 31 ви Јануари 2022  – Петок, 8 ми Април 2022

Училишен одмор

Сабота, 9 ти Април 2022 – Понеделник, 25 ти Април 2022

Семестар 2

Вторник, 26 ти Април 2022 – Петок, 1 ви Јули 2022

училишен домор

Сабота, 2 ри Јули 2022 – Недела, 17 ти Јули 2022

Семестар 3

Понеделник, 18 ти Јули 2022 – Петок, 23 ти Септември 2022

училишен домор

Сабота, 24 ти Септември 2022 – Недела, 9 ти Октомври 2022

семестар 4

Понеделник, 10 ти Октомври 2022 – Вторник, 20 ти Декември 2022

училишен домор

Среда, 21 ви Декември 2022 – Недела, 29 ти Јануари 2023

Students

Years Established

13 + 11 =

Чествување за македонскиот јазик во НЈВ

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, во прекрасниот амбиент во Emporium Reception во Bankstown во присуство на многу гости , родители и наставници ја одржа добротворната забава, со цел да се соберат средства за да се подобри и модернизира наставата по...

Без јазик сме никој и ништо

Прашањето „Кои сме?“, доаѓа во полн израз во транскултурниот контакт, кој е неминовен ако се живее во мултиетничка и мултикултурна средина, како Австралија. Културниот идентитет е важен од повеќе причини, но, само во транскултурниот допир станува примарен аспектот на...