за нас

Македонско Етничко Училиште "Браќа Миладиновци"
Менли
Браќа Миладиновци е создадено во 2010 година од група амбициозни родители со цел да се сочува и одржи Македонскиот јазик и култура во северниот дел на Сиднеј.
Групите се креирани да излезат во пресрет на зголемениот број на млади македонски семејства во овој дел на градот и да ги вклучат и поттикнат младите студенти да развиваат понатамошно познавање на македонскиот јазик во рамки на ефективна средина за учење, да го разберат нивното наследство и потекло и да се стремат кон нови и креативни начини за развој на соработка и пријателство.
Училиштето работи секоја cабота за време на школските термини од 13  до 15 часот попладне. Училиштето го посетуваат ученици од предшколска возраст до средно обазование.

Ниво на познавање

  • почетен степен прво ниво
  • почетен степен второ ниво
  • среден степен

Контакт емаил

klisar@primus.com.au

Адреса

Manly Village Public School
Darley Rd, Manly NSW 2095

Учителки

Gордана Клисарова
040 311 5690