за нас

Македонското Етничко Училиште Гоце Делчев
Њукастел
Македонското етничко училиште “Гоце Делчев“ од Њукастел е отворено во 1978 година. Македонското етничко училиште е сместено во просториите на црковната сала при МПЦ “Пресвета Богородица“ во Бродмедоу.
Ова училиште го финансираат родителите, а добива помош и од Министерството за образование на Нов Јужен Велс.  Училиштето ја започна работата со 20 ученици.

Во сегашната управа на училиштето се следниве членови:

  • Претседател: Саше Стојчевски
  • Секретар: Стевче Стојчевски
  • Благајник: Драгица Белевска
Училиштето работи секоја cабота за време на школските термини, од 9-12 часот.

Училиштето го посетуваат моментално околу 32 ученици на возраст од 5 до 12 години. Тие се со различен степен на претходно познавање на македонскиот јазик. Наставата се изведува во разиграна и отпуштена атмосфера, во која децата се стимулираат не само да го учат јазикот, туку и да се запознаат со посебноста и културата на Македонија.

ЕМАИЛ

petervip@bigpond.com.au

АДРЕСА

14 School St, Broadmeadow NSW 2292

УЧИТЕЛ/И

Пеце Вртковски