ЗА НАС

Македонско Етничко Училиште Св Климент Охридски
Рокдајл
Македонското етничко училиште “Св. Климент Охридски“ од Рокдајл е отворено во 1979 година.Училиштето главно е финансирано од страна на родителите, а исто така добива помош и од Министерството за образование на Нов Јужен Велс.
Иницијатори за формирање на ова училиште беа Тоде Кабровски, Паско Грбевски, Јоне Кокаловски и Ѓорѓи Бушиновски, а првата учителка во ова училиште беше Радмила Споа. Училиштето започна да работи со 30 ученици.
Во 1980 година, 55 ученици посетувале настава, а учители биле: Тоде Кабровски и Радмила Споа.
Во годините што следат помеѓу 1981 и 1983 училиштето имало над 100 ученици и 3 учители: Љубица Сељанковска, Љубомир Серафимовски и Росе Петковска .
Во наредните 10 години, училиштето броело над 100 ученици а наставата ја изведувале 3 учители: Вера Бошевска, Тоде Кабровски и Зора Димиќ.
За опстојувањето на ова училиште и реализирање на настава на македонски јазик од 1994 година до денес, голем допринос дадоа следните учители: Цвета Чумковска, Менка Младеновска, Зора Јанева, Галина Тодоровска, Зора Мачевска, Драгица Симовска, Снежана Миладинова и Драгана Божиновска.
Училиштето работи секоја cабота за време на училишните термини од 1.30  до 4.30 часот попладне. Училиштето го посетуваат ученици на возраст од 5 до 14 години и моментално запишани се 48 ученици во следните нивоа на изучување на македонскиот јазик:

  • Почетници (5-6 год. возраст)
  • Почетници (6-10 години)
  • Средно ниво / Напредно ниво до 14 год. возраст

Емаил

klimentohridski@hotmail.com.au

Локација

Rockdale Public School
Lord Street Rockdale, NSW 2216
Po BOX 164 Rockdale

Учителки

  • Весна Трајковска
  • Елизабета Хаџиевска
  • Силвана Трајковска
Учениците уживаат изучувајќи ги звуците и ритамот на Македонската музика. Тие исто така учат да зборуваат, слушаат, читаат и пишуваат како и да состават и да прераскажат текстови. Играњето улоги и разни други игри се најчесто користени стратегии и методи во наставата каде ученикот е во центарот на вниманието на часот и потојано активно е вклучен за време на наставата. Има разни теми во врска со Македонската култура, легендите, историјата, поезија , литература и други креативни уметности како што се Македонската драма и ликовната уметност, кои значајно се вклучени во наставната програма за изучување на Македонскиот јазик.

Членови на Училишниот Одбор се:

  • Претседател: Вики Бошевска
  • Заменик претседател: Елизабета Ферманов
  • Секретар: Тони Момировски
  • Благајник: Гари Чумковски
  • Јавен службеник: Тони Гулевски

Контакт: Силвана Трајковска – учителка (0432 512 166)>)