матуранти 2021

И оваа година, несреќата наречена Ковид 19, го зафати светот глобално и сите скоро половина година бевме оневозможени за нормален живот и настава. Сепак Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ ги одржа сите свои активности во 2021 година. Некои преку интернет, преку апликацијата ЗУМ, но некои, како матурската и во живо. Во 2021 година Матурската за учениците кои го завршуваат средното образование, изучувајќи го македонскиот јазик, се одржа во Декември, во Емпориум центарот, се разбира со сите предстрожности за однесување со новата пандемска ситуација. Новата генеразија македоснки матуранти со гордост ги истакнаа Дипломите, искажаа искрена благодарност кон своите учители и изјавија дека ова е почеток на нивните нови походи кон повисоките образовни институции ширум Австралија.
Во забавниот дел на вечерта настапија ученичката по македонски јазик и годинашна матурантка, Виолета Шопова – на виолина, Сандра Митрова – соло и Роберт Шопов на клавијатури. Тие со својот беспрекорен настап ја воодушевија публиката.
Како промоција на изучувањето на македонскиот јазик еден, најсреќен матурант, кој најмалку 5 години во средното образование го изучувал македонскиот јазик добива билет за да патува во Македонија. Оваа година најсреќна беше Лара Марковска.
Благодарност беше упатена до сите учители кои неуморно работеа и придонесоа оваа вечер да биде успешна.
На матурското матине свиреше и пееше господинот Оливер Јовановски, кој забавата ја направи незаборавна и весела. Водители на вечерта беа Теона Петреска и Роберт Шопов.
По традиција, Австралискиот македонски совет за НЈВ, во соработка со МПЅО НЈВ и локалните политичари ќе приредат прием во чест на прво пласираниот ученик по македонски јазик во 2021 година, на кој ќе се врачи чек со 500 долари како награди за постигнатиот успех, а истиот ќе биде Амбасадор на македонски јазик во 2022 година.

Матуранти во 2021
Бенкстаун: Филип Јовчевски, Лука Марковски, Ангела Ристевска, Теона Петреска, Сара Поповска, Рахела Стојановска, Тиана Цикаровска.
Волонгонг: Филип Ѓоргиоски, Изабела Спировска.
Когра: Филип Анѓелковски, Филип Апостоловски, Кристина Брсаковска, Дамјан Димоски, Борче Игуменовски, Софи Грчева, Нина Грозданова, Алексеј Кочовски, Лара Марковска, Игор Марковски, Елена Милеска, Кристина Папучковска, Алиса Павловска, Маја Ралповска, Виолета Шопова, Мичеч Талевски, Анастасија Василевска