за нас
Македонско Етничко Училиште Филип IIПикхрст
Ние сме мала училишна јазична школа која ја водат локалните жители со цел да им се даде можност на малите деца да го изучуваат македонскиот јазик.
Имаме одлични наставници по македонски јазик кои ќе му помогнат на вашето дете да го научи својот мајчин јазик.
Бидејќи луѓето што се родени во Австралија брзо развиваат еднојазичност (зборуваат само еден јазик), предност е знаење на втор јазик.
Дајте им на своите деца шанса да се дружат со други деца од иста возраст и иста култура. Одлична можност да стекнат доживотни пријатели.
Членови:
- Доне Кончановски
- Роберт Кочовски
- Зоран Марковски
- Ник Митревски
- Раде Стојковски
Школото работи секоја сабота за време на училишните термини од 13:00 до 16:00 часот. Возраста на нашите ученици варира од градинка до 10та година.
Нивоа на предавања:
Почетници до средно познавање на јазикот и
Средно до напредно
Емаил
Адреса
Cnr of Belmore Road and Henry Lawson Drive, Lugarno
УЧИТЕЛ/И
- Сузана Стојановски
- Александра Стојановски
- Наташа Котевска
- Лидија Славеска
Екскурзија 2018
Во саботата 29 септември 2018 година, децата и наставниците од нашето училиште се упатија кон Македонскиот православен манастир во Кембла Гранџ. Посетата на македонскиот православен манастир Света Петка беше поттиканата од големиот успех на претходната посета и по добивањето на многу барања од родителите.
Имавме можност да ја видиме прекрасните икони и архитектонски сјај на манастирот. Фреските се со највисок квалитет и се еднствени во Австралија.
Оваа екскурзија овозможи културно искуство во увид во македонското наследство и вера на децата.